Дневна доза кратки вицови #26

Од Господ дадена

Трпана му вика на Трпе:
– Трпе, знаеш ли ти дека јас сум ти од господ дадена?
– Тоа го знам, само не можам да разберам кои ми се гревовите!

Наточи уште една

Трпе и Трпана излегле на прв состанок. После шетање низ чаршијата, отишле до кај него на пијачка. Трпе им ставил по една ракија, ја испиле па Трпе пружил рака да ја фати за газ. Трпана му удрила еден шамар и му рекла:
– Бегај бе будало една, не сум јас лесна женска да паднам на една пијачка.
Трпе уплашено прашал:
– Добро, што ќе правиме сеа?
А Трпана му одговорила:
– Па наточи уште една.

На рамо

Циган тркала некое железо и друг циган му вика:
– Абе шо го тркалаш, тури го на рамо.
– На мајка ти да го турам, Рамо ми е брат.

Слатка одмазда

Трпе и Цветко разговараат. Трпе му вели на Цветко:
– Се сеќаваш ли пред 3-4 месеци кога замолив еден таксист да ме однесе до дома, имав само 50 денари в џеб, а тој пред цело друштво ми рече: „Ако си таков вошкар да немаш 100 денари за такси, оди до дома пеш“.
– Да, се сеќавам, баш беше безобразен.
– Е да знаеш, вчера му се одмаздив.
– Навистина? Како?
– Го гледам паркиран чека муштерии. Пред него паркирани уште 5-6 други такси возила. Влегувам во првото и му велам на таксистот: „Мајсторе, може ли за 50 евра да ме однесеш до дома да ме однесеш до дома, ама во цената е вклучена и партија секс“. Таксистот ми вели:„Мрш надвор педеру еден“. Јас излегов, и влегов во второто такси. И таму го поставив истото прашање, и нормално, и од таму ме избрка таксистот. И така направив во сите коли. За малку се спасив од ќотек. Ама одмаздата е слатка. И така дојдов до мојата жртва, и му викам: „Мајсторе, колку ќе ме чини да ме однесеш до дома, таа и таа адреса?“. Тој ми вели „100 денари“. Јас решително му велам „Вози мајсторе“- и тргнавме.
И така додека ги поминуваше паркираните такси возила пред нас, на секој од таксистите каде што влегов им испратив широка насмевка и им покажав среден прст.

Долг

Му се јавиле на Цветко од банка и му рекле:
– Господине имате долг.
– Да. Имам долг и голем.

Гледање во очи

– Трпе, ја гледаш ли Трпана за време на секс во очи?
– Уф, еднаш ја погледнав.
– И…?
– Жива катастрофа!
– Е зошто?
– Баш тогаш влегуваше во спалната.

Еден ама вреден

Наставничката прашува:
– Ајде деца, кажете кое животно ви е омилено и зошто?
Боки:
– Лавот! Затоа што е крал на животните.
– Браво, седи пет.
Ана:
– Жирафата! Затоа што има долг врат.
– Браво, пет.
Трпе:
– Магарето! Затоа што има голем стап!
– Аууу, срамота. Седи, еден!
– Еден наставничке, ама вреден.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР