Дневна доза кратки вицови #57

– Детенце, ти ја слушаш ли мама?
– Ја слушам.
– А тато?
– И тој ја слуша.
———-

– Убава си.
– Фала.
– Дали си зафатена?
– Не сум, се досадувам.
– Не тоа, туку во врска?
– Во врска со што?
– Ништо, остани си убава, ај чао.
———-

Четворица мажи на различна возраст после бродолом паднале на пуст остров. Откако го обиколиле островот, виделе дека во непосредна близина има друг остров, кој бил населен само од голи жени.
20-годишниот:
– Да пливаме до таму! – и се фрлил во водата.
30-годишниот:
– Може да има ајкули… Да направиме сплав!
40-годишниот:
– Како па да не! Ќе сме пливале… Тие нека дојдат!
60-годишниот:
– Што ќе пливаме натаму-наваму, кога и одовде сè се гледа добро…
———-

Оди еден човек во општината и ѝ вели на соодветната службеничка:
– Госпоѓо, сакам да си го сменам името!
Оваа го погледнува над очилата и му вели:
– Како што ве гледам, имате околу 40 години, сега ли ви текна да си го менувате името?!
– Не можам повеќе со вакво име, воопшто не ми се допаѓа! – и одговара тој.
– Добро, штом сте решиле! – вели службеничката и ги вади потребните документи.
– Име? – прашува службеничката.
– Иван Лајнарски – со загриженост вели нашиот човек.
Оваа го погледнува со длабоко сочуство и продолжува:
– Како сакате да ви биде е новото име?!
– Стојан Лајнарски!
———-

Итар Пејо пристигнал во некој ан, но било доцна и имало само едно слободно легло во соба со непознат. Итар Пејо бил подготвен на сѐ, иако сопственикот на анот го предупредил дека непознатиот ‘рчи толку силно што дури и луѓето во соседните соби се пожалиле.
Наредното утро Пејо слегол долу на појадок и сопственикот го прашал како е спиел.
– Како бебенце! – одговорил тој.
– А ‘рчењето?
– Немаше проблеми. Кога влегов во собата, тој веќе ‘рчеше, а јас само се приближив, го бакнав во образ и му реков „Добра ноќ, драги“. Тој се разбуди и цела ноќ седеше ококорен како був.
———-

Доаѓа моментот на разделбата. Кога веќе сѐ е кажано… Таа сепак… нема сили да си замине. Крвта и пулсира во слепоочниците. Со последен напор ја фаќа кваката на вратата и… заминува!
Гласот негов ја скаменува на место:
– Марија… почекај… те молам!
– Да?!
– Дај ми го телефонот на Бети со големите цицки.

😀