Дневна доза кратки вицови #58

– Ало полиција!? Удрив две кокошки, што да правам?
– Поместете ги на страна да не сметаат на сообраќајот и не не замарајте за глупости!
– А со нивното пежо што да правам?!!!
———-

Се сеќаваат двајца генерали пред битка. Едниот е облечен цел во црвена униформа. Другиот го прашува:
– Колега, зарем не се плашите дека непријателите веднаш ќе ве забележат и ќе ве убијат?
– Да, но војниците нема да ја забележат крвта и ќе продолжат да се борат! – одговара генералот во црвено.
Другиот се свртува кон својот помошник и вели:
– Војнику, донеси ми ги кафеавите панталони!
———-

Африканска савана. Пладне. Лав и лавица лежат на сонце тен да фатат. Одеднаш протрчува еден зајак, го удира лавот по чело и избегал. Лавот – не му обрнува внимание, а лавицата – во шок!
– Ти цар на животните ли си, или што? Стигни го и раскини го на две!
– Остај го, голема работа, мал е уште, има комплекси …
– Како ќе кажеш, ти си знаеш
Сето ова се повторува неколку пати и секој пат – сличен разговор меѓу двајцата. Во еден момент, при последниот упад од страна на зајакот лавицата скокнала да го брка.
Лево, десно, го бркала. Конечно, зајакот се шмугнал во една бетонска цевка, лавицата по него и се заглавила. Зајакот ја заобиколил цевката, и пришол отпозади и ја опнал еднаш. По некое време се прибира таа – со подвиткана опашка, клапнати уши, тап поглед.
Лавот ја гледа и сомнително ја прашува:
– Кај цевката ли ти избега?

———-

Плавуша влегува во такси:
– Добро утро.
– Посилно ве молам.
– ДОБРО УТРО!
– Добро утро, посилно ве молам.
– ДОБРОООО УТРООООО!!!!
– Боже мој, абе вратата затвори ја посилно!

———-

– Тато, кој се по паметни татковците или децата ?
– Татковците бе сине нормално …
– Тато, а кој ја измислил струјата ?
– Никола Тесла!
– Па што не ја измислил татко му?
———-

Дошло крај на школска година и сите ученици на учителката и донеле убаво завиткани подароци. Го земала учителката подарокот од синот на цвеќарот, го протресла, па прашала?
– Ова мора да се цвеќиња?
– Така е учителке. – одговорило детето
Потоа… го земала подарокот од ќерката на слаткарот, го протресла, па прашала?
– Ова мора да е кутија слатки.
– Да учителке. – одговорило девојчето.
На крај го подигнала подарокот од синот на газда на продавница за алкохол. Видела учителката дека нешто тече од кутијата, па земала малку со прстот, лизнала и прашала:
– Дали е ова вино?
– Не учителке.
– Да не е шампанско?
– Не е.
– Се предавам. Што е тогаш?
– Кутре.

😀