Дневна доза кратки вицови #59

Се среќаваат двајца стари пријатели.
– А бе, Миле, веќе си 72 години, а денес те видов со 20 годишна русокоса под рака, вчера со 18 годишна бринета, а минатата недела со 25 годишно бујно пиле. Како успеваше и тогаш и ден денес да ги имаш најубавите и најмладите љубовници?
– Па, и тогаш и сега, 100 евра си се 100 евра, пријателе!!!
———-

– Мамо, имам дечко.. комшијата Перо, го знаеш…
– Но душо, тој може да ти биде татко!
– Ама мамо, годините не се важни!
– Не ме разбра!
———

Дедо и внук шетаат во шума. На двајцата им се примочало. Почнале, па внукот се свртел кон својот дедо и го прашал:
– Дедо, зошто мочаш со клечење?
Дедото му одговорил:
– Јас на предавници рака не подавам!
———

– Сине, си почнал и да сурфаш?
– Не!!!
– А па оваа даска?
– Тато, остави ја девојка ми на мира…
———-

Маж се јавува во интензивна нега:
– Жена ми прашува како е мајка и?
– Подгответе се за најлошото..
– Што? Жива ли е???
———

– Жено, пивото нели се прави од хмељ?
– Да.
– Ракијата се прави од грозје, нели?
– Да.
– А вискито од пченка?
– Да.
– Водката се прави од јачмен, нели?
– Да.
– Е па, тогаш од сега да ме викаш вегетаријанец а не алкохоличар!
———-

Ѕвони телефонот.
– Тато, јас сум, Зоки. Кучето се искака на тепихот во дневната соба, што да правам?
– А бе сине, на работа сум, не ме замарај со глупости. Чисти таму!
По 20 мин. пак ѕвони телефонот.
– Зоки, пак ли глупости, бе?!
– Не бе тато. Еден чичко дојде кај мама пред малку. Си ги соблече панталоните и се заклучија во спалната. Само да ти кажам дека ако се искака, нема јас да му чистам!
———-

Разговараат две плавуши:
– Вчера на улица најдов 10 долари.
– И што си купи?
– Ништо, ги фрлив, затоа што беа фалсификат.
– Е како ги позна?
– Е па каде си видела ти 10 долари со две нули?
———-

Четворица мажи на различна возраст после бродолом падне на пуст остров. Откако го обиколиле островот, виделе дека во непосредна близина има друг остров, кој бил населен само од голи жени.
20-годишниот:
– Да пливаме до таму! – и се фрлил во водата.
30-годишниот:
– Може да има ајкули… Да направиме сплав!
40-годишниот:
– Како па да не! Ќе сме пливале… Тие нека дојдат!
60-годишниот:
– Што ќе пливаме натаму-наваму, кога и одовде сè се гледа добро…
———-

– Докторе, кажи ми на чист македонски јазик, што ми е?
– Многу пиеш, брат!
– А сега повтори ми го пак на латински. Сепак треба да ѝ кажам нешто на жена ми…

😀