Тениски турнир Peugeot & Rotaract Club ИГРАЈ, ПОМОГНИ И ОСВОЈ

Хуманитарен тениски турнир: Ротаракт Опен / Играј, помогни и освој

Во организација на: Ротаракт Клуб, Скопје и Еуроимпекс Генерален увозник за Peugeot Датум: 10.06.2017 год.

Ден: сабота

Почеток: 09:00 часот

Локација: МТП Спортски Клуб (СУГС Георги Димитров) Скопје

 

Ова е трета година по ред на соработка меѓу Ротаракт Клубот Скопје и Еуроимпекс во
организација на овој хуманитарен тениски турнир „Ротаракт Опен“. Тениските
натпревари ќе се одиграат меѓу аматери кои имаат желба да играат тенис, а со тоа и да
помогнат.
Одлучено е оваа година средствата да бидат наменети за купување на апарати за
домаќинство за Дневниот центар за деца од улица, Шуто Оризари.
Покрај хуманитарниот карактер на настанот, натпреварувачите дополнително ќе
бидат мотивирани со награда за освоено прво место: викенд возење со Peugeot возило.
Пријавувањето за учество на овој тениски турнир се одвива во МТП Спортски Клуб (СУГС
Георги Димитров)
Котизацијата за учество во натпреварот има статус на донација од секој учесник и
изнесува 1200 мкд за членови на Ротари клубот и 600 мкд за членови на Ротаракт
клубот.

За дополнителни информации контактирајте ги:

Ротаракт Клуб Скопје

Стефан Перчинков тел. 070 331 722, e-mail: [email protected]

Еуроимпекс Генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

Ана Николоска, Маркетинг асистент тел. 072/260-206 e-mail: [email protected]