uslovi za koristenje

Услови за користење на порталот www.kamaj.net


 

 

Не е дозволено:
– објавување, разменување и постирање текстови спротивни на позитивните законски прописи на Република Македонија и на меѓународното законодавство кое ја регулира оваа област. Oбјавување на содржини заштитени со Закон за авторското и сродни права без писмена согласност на носителот (носителите) на авторското право.
– објавување неморални содржини, националшовинистички или со текстови во кои провејува расизам.
– објавување и пренесување на информации за кои може да се претпостави дека не се вистински, а чие користење би можело да им нанесе штета на трети лица, како и користење на лажен идентитет.
– објавување и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;
– oбјавување, испраќање и размена на несакани содржини и спам пораки на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали.

Камај го задржува правото да ги отстрани содржините кои се во спротивност со горенаведените правила наа користење, како и да ги елиминира корисничките налози на регистрираните корисници без претходна најава во случај на недозволено користење.

Со прифаќање на овие Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека услугите и содржините на Камај ќе вклучуваат реклами, разни известувања, пораки од администраторите.

Содржините на порталот и услугите се заштитени според Законот за авторски и сродни права на РМ.

Користењето на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од носителите на авторските права. Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права на порталот, должен е да го извести Камај.
Камај содржи линкови кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви и притоа не презема одговорност за евентуално прекршување на права бидејки нема можност за проверка на истите.

Камај не ги контролира содржините што ги разменуваат нејзините корисници и не ја гарантира нивната точност. Во случај на сознание за прекршување на законските прописи на или при нарушувања на реномето на порталот, Камај го задржува правото на отстранување на таквите содржини од без претходна најава и не одговара за настанатите промени во содржините.

Камај го задржува правото да користи некои од содржините објавени од корисниците во промотивни.

Не се исплаќа хонорар за јавно достапните содржини, и сите пратени материјали по сопствена иницијатива на корисниците, а посебно фотографии, видеа, текстови и кои уживаат авторско право.

За самоиницијативно испратените материјали дека не повредуваат авторски права на трети лица, гарантираат корисниците кои ги испратиле истите.

Камај не одговара за содржината на страниците на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на порталот на Камај.

Камај се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници.

Камај го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои произлегле од такви промени.